The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
37 со единствена цел – да го вратиме народот кој по закон ни припаѓа и кој, според законот, е дел од Нашето спомнато Унгарско Кралство, како и сите други христијани, извлечени од суровото ропство на Турците, на поранешната слобода, поранешните привилегии и поранешното единство со телото од кое зависат; отстранувајќи секаква злоупотреба, исправувајќи ја секоја неправда воведена од турското угнетување и враќајќи му го секому неговиот закон. Затоа, благонаклоно ги повикуваме народите, распространети низ цела Албанија, Србија, Мизија, Бугарија, Силистра, Илирија, Македонија и Рашка, како и од другите покраини што зависат од Нашето спомнато Унгарско кралство, како и сите други народи кои стенкаат под турското ропство, согласно со Нашата побожна и татковска желба, во оваа поволна прилика – кога турските сили се ослабени од толку многу порази од нашата победоносна војска – за своја безбедност и ослободување, како и за унапредување на христијанската вера, сите да застанат на Наша страна, да се вооружат против Турците, да се придружат кон Нашите трупи според можностите и потребите, според заповедите на Нашите воени генерали и заповедници, кои наскоро ќе се појават на бојното поле со соодветна и многубројна војска и да им обезбедат, според своите можности, залихи и други работи потребни за нивното издржување, како и навремена помош од каков било вид против заедничкиот непријател, па дури и доброволно да им се предадат на нашите спомнати воени генерали, кои ќе им обезбедат заштита од турските напади и кои насекаде ќе ја чуваат строгата воена дисциплина, како што сериозно заповедавме, и на Нашата легитимна власт – доколку сакаат да ја доживеат Нашата благодет и милост. Превод на Факсимил бр. 10.
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==