The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
39 Ветуваме на сите гореспомнати народи и покраини, кои се и кои со право ќе бидат, според законот, потчинети на Нас како Крал на Унгарија, дека ќе им ја обезбедиме слободата, привилегиите и правата – особено правото самите да ја избираат својата вера и својот војвода – заштитени и ослободени од какви било јавни давачки и придонеси, освен оние што произлегуваат од древните и од традиционалните закони на кралевите и господарите од пред турската наезда. Секоја злоупотреба, воведена од турското владеење, ќе биде отстранета од нив, освен во случај на воени потреби кога, заради ваша сопствена безбедност и одбрана, со доброволен придонес ќе треба да дадете неопходна помош според вашите можности, со што нашите трупи ќе можат да се одржуваат, нашите покраини да се бранат и воените расходи да се покриваат. Потоа, откако турското ропство ќе биде отстрането, сè ќе биде вратено во стабилна состојба и правилен ред за иднината според вашите желби и молби и секому ќе му бидат вратени неговите права, слободата на верата, привилегиите и имунитетите. Ние ќе обезбедиме правда за сите, нудејќи секому изобилни гестови на Нашата милост, благонаклоност и татковска заштита. Понатаму, ветуваме, дека секому и на сите ќе им го подариме и доделиме бесплатно сиот движен и недвжен имот што ќе го одземат од Турците во своите сопствени граници. Затоа, дејствувајте за Бога, за вашата вера, за вашата безбедност и за вашата слобода, за обновувањето на вашата сигурност: смело застанете на Наша страна, не ги напуштајте своите домашни богослужби и обработката на полињата, повикајте ги своите сојузници да тргнат по вашите стапки и искористете ја оваа прилика дадена од Бога и од нас – прилика што никогаш повеќе нема да се повтори – ако навистина се грижите за себеси, за своите синови, за својата саканататковина и за својата безбедност. Во меѓувреме, за сè останато, со задоволство ви ја нудиме на сите Превод на Факсимил бр. 11.
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==