The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
49 НИЕ ЛЕОПОЛД, назначен за Цар на Римјаните од благонаклоната Божја милост, секогашАвгуст, и Крал на Германија, Унгарија, Бохемија, Далмација, Хрватска, Славонија, Босна, Србија и Бугарија итн., Надвојвода на Австрија, Воjвода на Бургундија, Брабант, Штаерска, Карантанија, Краина, Луксембург и Горна и ДолнаШлезија, Виртемберг и Тека, Кнез наШвабија, Маркиз на Светото Римско Царство, Бурговија, Моравија, Горна и Долна Лужица, Гроф на Хабсбург, Тирол, Фирете, Киубург и Горица, Ландгроф на Алзас, Господар на Славонска Краина, на Порт Наон и на Соланите. До сите народи и покраини, во зависност од Нашето наследно владеење на Унгарија и до сите други, кои ќе ги прочитаат или слушнат овие писма, а особено до албанскиот народ, од Нашата Царска и Кралска милост со сите Наши добрини. Нека ви биде познато дека, потпирајќи се на Божествената заштита и на праведноста на Нашата кауза и поради Нашата Царска и Кралска должност, ја продолжуваме оваа Турска војна, во која бевме предавнички и неправедно вовлечени, со единствена цел – да го вратиме народот кој по закон ни припаѓа и кој, според законот, е дел од Нашето спомнато Унгарско Кралство, како и сите други христијани, извлечени од суровото ропство на Турците, на поранешната слобода, поранешните привилегии и поранешното единство со телото од кое зависат; отстранувајќи секаква злоупотреба, исправувајќи ја секоја неправда воведена од турското угнетување и враќајќи му го секому неговиот закон. Затоа, благонаклоно ги повикуваме народите, распространети низ цела Албанија, Србија, Мизија, Бугарија, Силистра, Илирија, Македонија и Рашка, како и од другите покраини што зависат од Нашето спомнато Унгарско кралство, како и сите други народи кои стенкаат под турското ропство, согласно со Нашата побожна и татковска желба, во оваа поволна прилика – кога турските сили се ослабени од толку многу порази од нашата победоносна војска – за своја безбедност и ослободување, како и за унапредување на христијанската вера, сите да застанат на Наша страна, да се вооружат против Турците, да се придружат кон Нашите трупи според можностите и потребите, според заповедите на Нашите воени генерали и заповедници, кои наскоро ќе се појават на бојното поле со соодветна и многубројна војска Превод на Факсимил бр. 16.
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==