The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
51 и да им обезбедат, според своите можности, залихи и други работи потребни за нивното издржување, како и навремена помош од каков било вид против заедничкиот непријател, па дури и доброволно да им се предадат на нашите спомнати воени генерали, кои ќе им обезбедат заштита од турските напади и кои насекаде ќе ја чуваат строгата воена дисциплина, како што сериозно заповедавме, и на Нашата легитимна власт – доколку сакаат да ја доживеат Нашата благодет и милост. Ветуваме на сите гореспомнати народи и покраини, кои се и кои со право ќе бидат, според законот, потчинети на Нас како Крал на Унгарија, дека ќе им ја обезбедиме слободата, привилегиите и правата – особено правото самите да ја избираат својата вера и својот војвода – заштитени и ослободени од какви било јавни давачки и придонеси, освен оние што произлегуваат од древните и од традиционалните закони на кралевите и господарите од пред турската наезда. Секоја злоупотреба, воведена од турското владеење, ќе биде отстранета од нив, освен во случај на воени потреби кога, заради ваша сопствена безбедност и одбрана, со доброволен придонес ќе треба да дадете неопходна помош според вашите можности, со што нашите трупи ќе можат да се одржуваат, нашите покраини да се бранат и воените расходи да се покриваат. Потоа, откако турското ропство ќе биде отстрането, сè ќе биде вратено во стабилна состојба и правилен ред за иднината според вашите желби и молби и секому ќе му бидат вратени неговите права, слободата на верата, привилегиите и имунитетите. Ние ќе обезбедиме правда за сите, нудејќи секому изобилни гестови на Нашата милост, благонаклоност и татковска заштита. Понатаму, ветуваме, дека секому и на сите ќе им го подариме и доделиме бесплатно сиот движен и недвжен имот што ќе го одземат од Турците во своите сопствени граници. Затоа, дејствувајте за БОГА, за вашата вера, за вашата безбедност и за вашата слобода, за обновувањето на вашата сигурност: смело застанете на Наша страна, не ги напуштајте своите домашни богослужби и обработката на полињата, повикајте ги своите сојузници да тргнат по вашите стапки и искористете ја оваа прилика дадена од БОГА и од нас – прилика што никогаш повеќе нема да се повтори – ако навистина се грижите за себеси, за своите синови, за својата сакана татковина и за својата безбедност. Во меѓувреме, за сè останато, со задоволство ви ја нудиме на сите Превод на Факсимил бр. 17.
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==