The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection

За мисијата на издавачите Некогаш постоеше сон наречен Македонија! Можеше само да го шепотиш. Сè друго освен шепотот исчезнуваше затоа што беше премногу кревко. Македонија (ΜΑΚΕΔΟΝIΑ) - некогаш античко кралство управувано од кралската династија Аргеади и татковина на Македонците, во најраните години се наоѓала на бреговите северо-западно од Егејското Море и граничела на запад со Епир, на север со Пајонија, на исток со Тракија и на југ со Тесалија. Класичните писатели го користеле името „Пелазги“ за народите кои биле предци или претходници на жителите кои живееле првенствено во Југоисточна Европа, особено околу Егејското Море и Македонија. Општо земено, името „Пелазги“ имало широко значење и се однесувало на сите рани автохтони жители и на нивните култури во тој регион. Народите кои биле нарекувани „Пелазги“ зборувале јазик или јазици кои во тоа време, од страна на писателите и историчарите како Хомер, Херодот, Тукидид, Платон и други, биле идентификувани како „варварски“. Во голем дел од Југоисточна Европа и регионот околу Егејското Море порано се зборувало пелазгиски, а потоа настанале: венетски, фригиски, македонски, тракијски, илирски, етрурски, јонски, еолски и други јазици и дијалекти. Сите нивни форми, иако биле различни, меѓусебно биле јасно поврзани едни со други и потекнувале од заедничкиот јазичен корен наречен: прото- индоевропски јазик. Старомакедонскиот јазик или јазикот на античките Македонци што се зборувал во кралството Македонија, досега се сметаше или за посебен индоевропски или за посебен хеленски јазик. Овој јазик бил тесно поврзан со илирскиот, тракискиот, јонскиот, еолскиот и со други јазици и дијалекти. Старомакедонскиот јазик бил маргинализиран со употребата на атичкиот и јонскиот дијалект од страна на македонската кралска аристократија во текот на 4 век пред Христа со цел да се олесни комуникацијата со народите, но народниот јазик останал да се користи од Македонците и понатаму. Јазикот Koine бил создаден и воведен како „заеднички„ универзален службен јазик во рамките на Македонската империја на Александар Македонски. Најчесто користен од аристократијата, поетите и историчарите, овој новосоздаден јазик главно се користел во Птолемејското кралство во Египет и во Селевкидската империја, но и во Месопотамија, Бактрија и други земји. Во текот на следните векови се користел како lingua franca или Esperanto во поголемиот дел од Средоземното Море и на Блискиот Исток. Како резултат на улогата на Македонците во создавањето на службениот јазик Koine , тие дале придонес со внесувањето елементи во овој заеднички јазик, заедно со другите јазици и дијалекти. Поради постоењето само на фрагменти од јазикот на античките Македонци (македонски глоси) во последните векови се појавија различни толкувања и теории за кои не е направено вистинско долгорочно и продлабочено проучување и откривање на фактите доследно, независно и без пристрасност.

RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==