The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
Влијанието на овој јазик врз други древни јазици и обратно, низ вековите претставувало интерес во пошироката лингвистичка заедница. Исто така, неговата улога во влијанието и дефинирањето на одредени аспекти на актуелните современи литературни јазици на современите политички нации во Југоисточна Европа сѐ уште не е јасно анализирана и презентирана. Низ вековите старомакедонскиот јазик бил потиснуван и речиси исчезнал. Постојат неколку причини зошто јазикот на античките Македонци го доживеал овој пад низ вековите: фактот што јазикот бил првенствено усно пренесуван, губењето на неговиот статус кај македонските владетели и аристократи, создавањето и воведувањето на Koine како lingua franca во Империјата, разединетост по падот на Македонската империја, македонско-римските војни и потпаѓање на Македонија под Византиската империја за време на владеењето на македонската династија. Македонија не претставува ничие ексклузивно право, туку таа е дел од културно- историскиот идентитет на сите народи од Југоисточна Европа кои ги претставуваат современите политички нации засновани врз македонскиот етнос, култура и јазик, без оглед на разликите во читањето на историјата и актуелната геополитика, па дури и без разлика на разликите меѓу актуелните современи литературни јазици кои се производ на современите политички нации! Ова е причината поради која е формиран Ἥλιος • Хелиос - Македонски институт за кул- турни, јазични и научни студии . Неговото име влече поврзаност не само со еден од најстарите македонски симболи (Богот и персонификација на Сонцето), туку и на просветлувањето на човековата душа и разум, потрага по вистината и зачувувањето на македонското културно, јазично, археолошко и историско наследство. Примарните цели на Институтот се: • собирање, анализирање и каталогизирање автентични писмени фрагменти од натписи, книги, документи или записи кои се документирани како античко македонски; • изработка на етимолошки речник и граматика на јазикот на античките Македонци; • работа со лингвистите за реконструкција на античко македонскиот јазик врз основа на горенаведените истражувања и факти со цел нивно спојување за да се процени како звучел овој јазик и кои би можеле да бидат деловите што недостасуваат; • проучување на влијанието на античкиот македонски јазик врз актуелните современи литературни јазици во југоисточна Европа; • вклучување на културни здруженија, групи или индивидуалци лингвисти, образовни институции, општини, регионални и централни власти од современите политички нации создадени на територијата на некогашното Македонско Кралство и Империја и поддршка во промовирање на јазичното заживување на античкиот македонски јазик; • изработка на академски проект Inscriptiones Macedoniae (IM), со цел да се создаде засебен корпус со поглавја на сите познати античко-македонски натписи; Посветено на сите кои се чувствуваат и веруваат дека се Македонци или од македонско потекло, без разлика на актуелните современи политички нации. Среќата ги следи храбрите! Ἥλιος • Хелиос Македонски институт за културни, јазични и научни студии
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==