The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection

1 НАМЕСТО ВОВЕД П рогласите на царот на Светото Римско Царство Леополд Први од 1690 година упатени до балканските народи, при што посебно е спомната и Македонија, претставуваат значајни документи за историјата на Македонија и на Македонците. Најважен од нив секако дека е Прогласот од 26 април 1690 година со кој царот Леополд Први директно им се обраќа на Македонците и им ветува заштита, воедно повикувајќи ги да се придружат на неговата војска во борбата против Отоманската империја како нивни заеднички непријател. Овој Проглас досега повеќе пати е објавуван кај нас во книги, зборници, научни трудови, електронски изданија и сл., но никој сѐ уште го немаше видено во неговата изворна оригинална ракописна форма. Благодарение на упорноста на г-дин Џони Тодоровски, од Државниот архив на Австрија (Österreichischen Staatsarchiv – ÖSTA) со седиште во Виена, е добиен факсимил од ракописот на овој Проглас напишан на латински јазик (кој јазик често го користел царот Леополд Први во своите писмени обраќања). Притоа веднаш паѓа во очи дека оригиналниот ракопис на овој Проглас во еден важен сегмент се разликува од сите досега повеќе десетици кај нас објавени преписи на неговата содржина во кои (поради непознати причини) е испуштен овој важен сегмент од изворниот ракопис. Но, за што станува збор ќе објасниме во продолжение.

RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==