The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
2 ВОЈНАТА ПОМЕЃУ ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА И СВЕТОТО РИМСКО ЦАРСТВО И КАРПОШЕВОТО ВОСТАНИЕ З а да го сфатиме значењето на Прогласите од царот на Светото Римско Царство Леополд Први кои се однесуваат на Македонија и на Македонците, потребно е најнапред да дадеме некои дополнителни воведни објаснувања. Крајот на XVII век претставува бурен период во европската (вклучително и во македонската) историја. Главна причина за ова била војната помеѓу Отоманската империја и Светото Римско Царство со кое владеела Хабсбуршката династија. За да објасниме за што станува збор накратко ќе направме осврт на околностите што придонеле за оваа војна. Познато е дека Отоманската империја во еден период од своето постоење била една од најмоќните држави во светот. Исто како и другите моќни држави во минатото така и оваа империја (создадена на самиот крај од XIII век) постепено ја ширела својата територија. Така на пример уште во XIV век основачот на оваа империја по име Осман почнал да ги освојува малоазиските територии со кои владеела Византија. Во 1354 година Османлиите за првпат преминале на територијата на Европа, заземајќи го Галиполе на брегот на Дарданелите. Во 1362 година го освоиле Адријанопол (Едрене), а во 1371 година, по битката на Марица, освоиле и значаен дел од Македонија. Во 1389 година по битката на Косово Поле Османлиите освоиле и значаен дел од Србија, иако Белград паднал од нивна власт дури во 1521 година. Претходно во 1385 година била освоена Софија, во 1453 година бил освоен Константинопол (денешен Истанбул), а во 1458 година паднала и Атина. До 1463 година била освоена Босна, а дваесетина години подоцна била освоена и Херцеговина. До крајот од XV век била освоена и Албанија. Во 1493 година на Крбавското Поле Османлиите се судриле и со хрватската војска, која исто така била поразена, па до првата половина на XVI век значителни делови од Хрватска паднале под османлиска власт. Така напредувајќи Османлиите стигнале до Словенија, каде вршеле повремени упади. Во 1521 година во битката кај Мохач била поразена и унгарската војска по што зачаен дел од Унгарија паднал под отоманска власт. Истовремено Отоманската империја се ширела и во Азија и во Африка, па во својот најголем зенит нејзината територија, целосно или во делови, се протегала на териториите на денешните држави: Мароко Алжир, Тунис, Либија, Египет, Саудиска Арабија, Израел, Јемен, Сирија, Ирак, Кувајт, Јордан, Либан, Азербејџан, Ерменија, Кипар, Грузија, сите балкански држави, Русија и Украина. Наспроти тоа, една од најмоќните држави во Европа во средниот и во раниот нов век била Светото Римско Царство. Оваа држава била основана во 800 година, а еден од главните иницијатори за создавањето на оваа држава бил папата Лав Трети кој сакал да го обнови
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==