The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection

3 Западното Римско Царство кое било уништено во 476 година откако Рим бил окупиран од германски племиња. Папата Лав Трети го крунисал Карло Велики за прв цар на новооснованата држава Свето Римско Царство која ja опфаќала речиси цела средна и делови од јужна Европа. Со текот на времето и ова царство ja менувало својата територијална големина, а од XV век со него почнала да вледее Хабсбуршката династија, чиј припадник бил и царот Леополд Први (1640 – 1705), кој владеел од 1658, па сѐ до својата смрт. Во такви околности следна цел на натамошните освојувања на Отоманската империја во Европа станала Виена, т.е. Светото Римско Царство. Првпат Османлиите под водство на султанот Сулејман Величествениот ја опсадиле Виена во 1529 година откако претходно освоиле делови од Унгарија. Но, поради силниот отпор и други околности оваа опсада завршила без успех, по што Османлиите се повлекле. Во 1683 година Османлиите повторно ја опсадиле Виена. Во тоа време на чело на Отоманската империја бил султанот Мехмед IV, кој го испратил везирот Кара Мустафа паша со околу 200.000 војници во освојување на Виена. Градот бил опсаден, но по двомесечна опсада на помош на бранителите на Виена и на царот Леополд Први дошла триесетилјадна војска од Полска предводена од полскиот крал Јан Собјески. Во битката што се одиграла на 12 септември на Османлиите им бил нанесен тежок пораз. Нивната војска била разбиена по што почнала да се повлекува, отстапувајќи ги претходно освоените територии на австриската војска која продолжила да ги потиснува Османлиите низ Балканот. Поради поразот кај Виена Кара Мустафа паша по наредба на султанот бил осуден на смрт и бил погубен. Во 1684 година против Отоманската империја бил формиран воен сојуз наречен „Света лига“ која ја сочинувале Австрија, Полска и Венеција, а подоцна се придружила и Русија. Во своето постепено напредување австриската војска предводена од генералот Силвио Пиколомини (Италијанец во служба на Хабсбуршката династија) во октомври 1689 година стигнала дури до Македонија. Во сите ослободени од власта на Османлиите територии, австриската војска со воодушевување била пречекувана од христијанското население. На 25 октомври 1689 австриската војска на чело со Пиколомини влегла во Скопје, но поради тоа што биле прилично оддалечени од главнината, а и поради чумата што пустошела во Скопје, Пиколомини наредил градот (кој речиси целосно бил напуштен од своето население) да биде запален, а војската да се повлече. Пиколомини и самот настрадал од болеста чума и бил заменет со херцогот Холштајн кој извршил нов продор во Македонија. На 10 ноември истата 1689 година се одиграла голема битка со османлиската војска кај Штип во која Османлиите доживеале тежок пораз, а Австријците влегле и го запалиле и овој град, по што се повлекле. И во други делови од Македонија имало судири помеѓу австриската и османлиската војска. Поразите и губењето територии на Отоманската империја придонеле за влошување на и без тоа тешката состојба во која се наоѓало македонското население, кое морало да плаќа зголемени даноци со цел да се надокнадат материјалните загуби на империјата. Воедно се јавиле и одметнички банди составени од Турци кои го пљачкосувале домородното население. Како резултат на сето ова, во октомври 1689 година во североисточниот дел на Македонија било подигнато востание против отоманската власт кое било предводено од ајдутскиот водач Карпош. Ова востание денес е познато под името Карпошево востание. Главен центар на

RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==