The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
4 востанието била Крива Паланка, која била ослободена од востаниците. Нема зачувани податоци за тоа дали востаниците дејствувале координирано со австриската војска, но според некои податоци (турски хроники) царот Леополд Први на Карпош му ја доделил (или потврдил) титулата „Крал на Куманово“. Меѓутоа набргу Османлиите се консолидирале и презеле енергични акции за спротивставување на карпошевите востаници и на австриската војска. За таа цел довеле војска од Крим составена од искусни татарски борци кои биле предводени од кримскиот хан Селим Гирај. Поради бројната надмоќност на непријателот, карпошевите востаници се повлекле од Крива Паланка кон Куманово, каде се одиграла пресудната битка против турските и татарските одреди. Востаниците биле поразени, а мнозина од нив, меѓу кои и самиот Карпош, биле заробени. Биле одведени во Скопје каде на суров начин биле погубени. Останало запишано дека Карпош бил набиен на кол на Камениот мост, а потоа бил избоден со татарските копја, по што телото му било фрлено во Вардар. Тоа се случило во декември 1689 година. По задушувањето на Карпошевото востание и повлекувањето на австриската војска од Македонија, животот на македонското население станал уште потежок, па мнозина побарале спас во бекство од својата земја преку Сава и Дунав каде тогаш била границата помеѓу Отоманската империја и Светото Римско Царство.
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==