The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
5 ПРОГЛАСИТЕ НА ЦАРОТ ЛЕОПОЛД ПРВИ ОД 1690 ГОДИНА В о вакви околности во 1690 година биле објавени Прогласите на царот на Светото Римско Царство Леополд Први во кои ги повикува народите на Балканот на вооружен бунт против Отоманската империја. Всушност најголем дел од неговите Прогласи од 1690 година се однесуваат на големата преселба на Србите од територијата на Отоманската империја на територијата на Светото Римско Царство. Поради неподоносливиот живот во Отоманската империја, над 180.000 Срби, т.е. над 37.000 семејства, предводени од поглаварот на Пеќката патријаршија Арсение Трети Црнојевиќ тргнале на долг пат со цел да се населат на територијата на Светото Римско Царство. Претходно Австријците во својот балкански поход против Отоманската империја, во 1688 година го завзеле Белград, а потоа придружувани од илјадници српски востаници, ги завзеле и Ниш, Пирот, Јагодина и други градови. Меѓутоа нивното напредување било запрено поради тоа што тогаш Франција објавила војна на Светото Римско Царство, па австриската војска морала да се повлече од Балканот. Така Османлиите ги повратиле освоените градови, вклучително и Белград, а границата со Светото Римско Царство била воспоставена на реките Дунав и Сава. Поради своите отворени дејства против Отоманската империја артикулирани преку активната поддршка на австриската војска и на српските востаници (кои заеднички биле поразени од Османлиите во битката кај Качаник во јануари 1690 година), поглаварот на Пеќката патријаршија Арсение Трети Црнојевиќ заедно со многуброен народ кој ги напуштил своите огништа, тргнал заедно со австриската војска со цел да се населат на територијата на Светото Римско Царство. Поради тоа Царот Леополд Први во 1690 година објавил извесен број Прогласи во кои им ветил слобода на вероисоведта и образованието на новодоселените Срби, а воедно ги повикал балканските народи на вооружено востание против Османлиите. Прогласите а царот Леополд Први кои се однесуваат и на Македонија Во три Прогласи објавени во 1690 година во кои царот Леополд Први ги повикал балканските народи на вооружен отпор против Османлиите, посебно е спомната и Македонија. Овие Прогласи неодамна беа добиени од Државниот архив на Австрија (Österreichischen Sta- atsarchiv – ÖSTA) од Виена благодарение на ангажирањето на г-дин Џони Тодоровски. Еден од овие Прогласи бил објавен на 6 април 1690 година и неговата содржина гласи:
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==