The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
6 ЛЕОПОЛД, од благонаклонетата Божја Милост назначен за вечно Возвишен Цар на Римјаните и за Крал на Германија, Унгарија, Бохемија, Далмација, Хрватска, Славонија, Босна, Србија и Бугарија итн., Надвојвода од Австрија, Војвода од Бургундија, Брабант, Штаерска, Корушка, Каринола, Луксембург и на Горна и Долна Шлезија, Виртемберг и Тека, Принц од Швабија, Маркиз на Светото Римско Царство, Бурговија, Моравија, Горна и Долна Лужица, Гроф од Хабсбург, Тирол, Фирете, Кибург и Горица, Ландгроф од Алзас, Господар на Славонска Краина, на Порт Наон и на Солниците. До сите народи и покраини, во зависност од Нашето наследно владеење на Унгарија и до сите други, кои ќе ги прочитаат или слушнат овие писма, а особено до албанскиот народ, од Нашата Царска и Кралска милост со сите Наши добрини. Нека ви биде познато дека, потпирајќи се на Божествената заштита и на праведноста на Нашата кауза и поради Нашата Царска и Кралска должност, ја продолжуваме оваа Турска војна, во која бевме предавнички и неправедно вовлечени, со единствена цел – да го вратиме народот кој по закон ни припаѓа и кој, според законот, е дел од Нашето спомнато Унгарско Кралство, како и сите други христијани, извлечени од суровото ропство на Турците, на поранешната слобода, поранешните привилегии и поранешното единство со телото од кое зависат; отстранувајќи секаква злоупотреба, исправувајќи ја секоја неправда воведена од турското угнетување и враќајќи му го секому неговиот закон. Затоа, благонаклоно ги повикуваме народите, распространети низ цела Албанија, Србија, Мизија, Бугарија, Силистра, Илирија, Македонија и Рашка, како и од другите покраини што зависат од Нашето спомнато Унгарско кралство, како и сите други народи кои стенкаат под турското ропство, согласно со Нашата побожна и татковска желба, во оваа поволна прилика – кога турските сили се ослабени од толку многу порази од нашата победоносна војска – за своја безбедност и ослободување, како и за унапредување на христијанската вера, сите да застанат на Наша страна, да се вооружат против Турците, да се придружат кон Нашите трупи според можностите и потребите, според заповедите на Нашите воени генерали и заповедници, кои наскоро ќе се појават на бојното поле со соодветна и многубројна војска и да им обезбедат, според своите можности, залихи и други работи потребни за нивното издржување, како и навремена помош од каков било вид против заедничкиот непријател, па дури и доброволно да им се предадат на нашите спомнати воени генерали, кои ќе им обезбедат заштита од турските напади и кои насекаде ќе ја чуваат строгата воена дисциплина, како што сериозно заповедавме, и на Нашата легитимна власт – доколку сакаат да ја доживеат Нашата благодет и милост. Ветуваме на сите гореспомнати народи и покраини, кои се и кои со право ќе бидат, според законот, потчинети на Нас како Крал на Унгарија, дека ќе им ја обезбедиме слободата, привилегиите и правата – особено правото самите да ја избираат својата вера и својот војвода – заштитени и ослободени од какви било јавни давачки и придонеси, освен оние што произлегуваат од древните и од
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==