The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
7 традиционалните закони на кралевите и господарите од пред турската наезда. Секоја злоупотреба, воведена од турското владеење, ќе биде отстранета од нив, освен во случај на воени потреби кога, заради ваша сопствена безбедност и одбрана, со доброволен придонес ќе треба да дадете неопходна помош според вашите можности, со што нашите трупи ќе можат да се одржуваат, нашите покраини да се бранат и воените расходи да се покриваат. Потоа, откако турското ропство ќе биде отстрането, сè ќе биде вратено во стабилна состојба и правилен ред за иднината според вашите желби и молби и секому ќе му бидат вратени неговите права, слободата на верата, привилегиите и имунитетите. Ние ќе обезбедиме правда за сите, нудејќи секому изобилни гестови на Нашата милост, благонаклоност и татковска заштита. Понатаму, ветуваме, дека секому и на сите ќе им го подариме и доделиме бесплатно сиот движен и недвжен имот што ќе го одземат од Турците во своите сопствени граници. Затоа, дејствувајте за Бога, за вашата вера, за вашата безбедност и за вашата слобода, за обновувањето на вашата сигурност: смело застанете на Наша страна, не ги напуштајте своите домашни богослужби и обработката на полињата, повикајте ги своите сојузници да тргнат по вашите стапки и искористете ја оваа прилика дадена од Бога и од нас – прилика што никогаш повеќе нема да се повтори – ако навистина се грижите за себеси, за своите синови, за својата сакана татковина и за својата безбедност. Во меѓувреме, за сè останато, со задоволство ви ја нудиме на сите Нашата Царска и Кралска милост. Дадено во нашиот град Виена, на шестиот ден од месец април, лето Господово 1690; во триесет и втората година на нашето Римско, во триесет и петтата година на Нашето Унгарско и во триесет и четвртата година на Нашето Бохемиско владеење. * * * * Од содржината на овој Проглас гледаме дека, по вообичаеното за тоа време редење на неговите титули и земји со кои владеел, царот Леополд Први навистина нудел широки права и слободи на сите балкански народи доколку се придружат на неговата војска во борбата за потиснување на Османлиите од Балканот. Тој им ја гарантирал верската и културна слобода заедно со правото сами да си ги избираат локалните водачи, па дури им ги нудел бесплатно и сите движни и недвижни имоти што тие ќе ги одземат од избеганите Турци од територијата на нивната ослободена земја. Единствено што барал од нив е, во склад со сопствените можности, да се приклучат и да ја помагаат царската војска тогаш кога ќе се јави потреба за тоа. Мошне значајно е тоа што во земјите чии народи ги повикува на бунт посебно е спомната и Македонија. Ова е важно затоа што името Македонија во тоа време веќе неколку векови официјално не постоело во административната употреба на државите што владееле со нашата земја (вклучително и во отоманската), но сепак било задржано во свеста и во помнењето на народот не само во Македонија, туку и многу пошироко.
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==