The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection

8 За жал, поради објективни околности, а пред сѐ поради тогашните скудни средства за масовна комуникација, овој Проглас речиси и не стигнал кај оние за кои бил наменет. Каков ќе бил текот на историјата доколку австриската војска успеала да ги потисне Османлиите од Балканот уште во XVII век, можеме само да претпоставуваме. Прогласот на царот Леополд Први со кој го зема под заштита македонскиот народ На 26 април 1690 година, т.е. дваесет дена по претходниот Проглас, царот Леополд Први објавил уште еден Проглас, овојпат упатен директно кон македонскиот народ. Овој Проглас во оригинал напишан во ракопис на латински јазик исто така неодамна го откри г-дин Џони Тодоровски во Државниот архив на Виена. Содржината на овој исклучително важен Проглас во целост гласи: Со ова ставаме до знаење дека од наша страна беа примени двајца Македонци: Марко Краида од Кожани (наш капетан) и Димитрија Ѓорѓи Поповиќ од Солун, родени во Македонија, кои изложија на кој начин македонскиот народ, гледајќи ја најправедната наша кауза и со жар и ревност кон нашата служба, искрено и со наклонетост се стреми да премине од ужасното турско ропство во нашата послушност и преданост, само доколку би бил осигуран со нашата милост и заштита. Поради тоа, од нашата вродена добрина и од милосрдието со кое сме понесени да ги заштитуваме оние што се наклонети кон нас и кон светата христијанска вера, го примаме и го прифаќаме целиот македонски народ како целина и како поединци, под нашата царска и кралска милост. На сите наши воени службеници пријателски им заповедаме да не го вознемируваат спомнатиот македонски народ на никаков начин, ниту да се осмелат да му нанесат штета, туку според можностите во секоја прилика да го заштитуваат, да го бранат и во тоа да му помагаат, а исто така и да го уверат и осигураат во нашите царски и кралски милости, како и во зачувувањето на своите права и слободи. И доколку некои (според зборовите на наведените наши капетани) од истиот народ посакаат да служат под нашите знамиња, тие намери треба повеќе да се поттикнуваат отколку да се спречуваат, како што со ова благонаклоно им дозволуваме: со знаење и одобрение на нашиот таму главен командант, да се собираат во своја чета и посебно да дејствуваат или да се приклучат кон нашите сили и така да се борат против заедничкиот непријател. За таа цел тие ќе се претстават кај наведениот генерал и според неговите наредби за заедничко добро и со Божја помош, ќе ги чуваат нашите позиции и колку што е во нивна моќ ќе соработуваат извонредно во сите прилики. Објавено во Виена, 26 април 1690 година.

RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==