The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
12 ЦАРОТ НА СВЕТОТО РИМСКО ЦАРСТВО ЛЕОПОЛД ПРВИ И НЕГОВИТЕ НАСЛЕДНИЦИ Д а кажеме неколку зборови и за личноста и биографијата на царот Леополд Први. Неговото целосно име било Leopold Ignaz Joseph Balthasar Franz Felician. Се родил на 9 јуни 1640, а починал на 5 мај 1705 година. Тој бил втор по ред син во бракот помеѓу царот на Светото Римско Царство Фердинанд Трети и неговата прва сопруга Марија Ана од Шпанија. По смртта на неговиот постар брат по име Фердинанд Четврти во 1654 година, извесно време со државата повторно владеел нивниот татко Фердинанд Трети, а една година по неговата смрт, во 1658 година за цар на Светото Римско Царство бил избран Леополд Први кој владеел сѐ до својата смрт во 1705 година, што значи дека владеел вкупно 46 години и 9 месеци со што бил најдолговечниот владетел од Хабсбуршката династија. Тој се занимавал со музика, имал свои композиции и бил значаен покровител на музиката. Течно зборувал латински, италијански, германски и шпански јазик, а имал големи познавања и од теологијата, метафизиката и други науки. За време на неговото владеење Леополд Први војувал со Отоманското Царство и тоа од 1683 до 1699 година, која војна ја добил со тоа што ја вратил Унгарија под своја власт, која пред тоа била под турска власт од 1526 година. Водел долгогодишни војни и против Франција и тоа со променлив успех. Со Прогласите што делумно или целосно ги посветил и на Македонија тој ќе остане запаметен како докажан пријател на нашиот народ и земја. По смртта на Леополд Први во 1705 година, на чело на Светото Римско Царство дошол неговиот најстар син Јосиф Први, кој владеел неполни шест години и починал во 1711 година на возраст од само 33 години. По него на престолот дошол неговиот помлад брат Карло Шести (1685 – 1740) кој владеел 29 години и бил наследен од својата ќерка Марија Терезија. Јосиф Први и Карло Шести во целост ја продолжиле надворешната политика на Леополд Први, вклучително и политиката кон балканските народи. Обајцата за време на своето владеење објавиле свои Прогласи во кои потврдиле дека во целост ги подржуваат Прогласите на Леополд Први кон балканските народи чија содржина целосно ја пренеле и во своите Прогласи. Во продолжение објавуваме факсимили и од овие Прогласи.
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==