The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
11 луѓе во светот? Се претпоставуваше дека тие можеби му испратиле писмо од Македонија. Па се бараше такво писмо низ архивите... Па се претпоставуваше дека биле бегалци од Македонија кои молеле за нивни прием кај царот и т.н. Сега, пак, сите овие дилеми и прашања се разрешени благодарение на откривањето на оригиналиот ракопис на текстот од Прогласот, во кој јасно е навестен начинот на кој овие наши сонародници биле примени од царот Леополд. Едноставно, тие биле негови офицери и како такви побарале и реализирале прием кај него. Ете зошто е многу важно секогаш кога е тоа можно да се проверуваат оригиналните текстови, а не нивните подоцнежни преписи. Останува нејасно кој и зошто од текстот на Прогласот кој досега беше објавуван во Македонија ги исфрлил зборовите на царот Леополд Први во кои Марко и Димитрија јасно се опишани како офицери во неговата војска, а токму тие зборови се од исклучителна важност. Се надеваме дека сите досегашни верзии на овој Проглас во иднина ќе го отстапат местото на оригиналниот текст на Прогласот кој овде за прв пат го објавуваме. 4. Несомнено е дека Марко и Димитрија иако потекнувале од различни градови на Македонија (Кожани и Солун), себеси непоколебливо се чувствувале и декларирале како Македонци и како такви се претставиле пред царот Леополд Први, кој врз основа на нивното себедекларирање, го составил својот Проглас за заштита на македонскиот народ. 5. Од содржината на самиот Проглас, гледаме дека Царот Леополд им ги гарантирал сите права на Македонците забранувајќи им на своите воени команданти да им наштетуваат на каков било начин и наложувајќи им секаде да го штитат македонскиот народ. Воедно ги повикал Македонците да се приклучат кон неговата војска во борбата против заедничкиот непријател. Царот не можел туку така да објави ваков дециден Проглас само врз основа на барањето на своите двајца офицери. Ако се земе предвид претходната претпоставка дека тие најверојатно биле кооптирани во австриската војска како офицери поради тоа што под своја команда со себе довеле неколку стотици борци Македонци, тогаш станува појасно зошто царот го објавил ваквиот Проглас – едноставно во својата војска тој не само што имал офицери Македонци, туку најверојатно имал и стотици борци Македонци (под команда на овие двајца македонски офицери) за чија лојалност во борбата против заедничкиот непријател се оддолжил со ваквиот Проглас. 6. Содржината на овој Проглас претставува силен удар против антимакедонските пропаганди според кои етнонимот „Македонци“ никаде не се спомнувал во Средниот век. Во овој документ етнонимот „Македонци“ е спомнат токму од еден од најмоќните владетели во светот во тоа време – царот на Светото Римско Царство Леополд Први, а секако и од неговите офицери родум Македонци. * * * * На 31 мај 1690 година царот Леополд Први објавил уште еден Проглас во кој го земал под заштита населението во Бугарија, Србија, Македонија и Албанија, но содржината на овој Проглас е слична со онаа на Прогласот од 6 април 1690 година.
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==