The original manuscript of the proclaimation and other printed proclaimations of Emperor Leopold the first from 1690 with which he takes the Macedonian people under his protection
10 биде припадник на католичката вероисповед имајќи предвид дека најголемите непријатели на Светото Римско Царство во тоа време биле муслимани или протестанти. Но, откако војската на Светото Римско Царство (претежно австриската војска) навлегла на Балканот потиснувајќи ја отоманската војска дури до Македонија, таа наишла на поддршка од страна на православните народи (пред сѐ Македонци и Срби). Поради тоа, Царот Леополд направил исклучоци во кооптирањето војници и офицери во својата војска. Сега во неа можеле да се приклучат и православни кои не морало претходно да служат толку долго во оваа војска. Ако, пак, некои од нив, со себе имале под своја команда поголем број домородни борци, кои недвосмислено покажале лојалност кон Царот во борбата против Османлиите, тие за релативно кратко време добивале чин „капетан“. Поради сето ова може да се претпостави дека Марко Краида и Димитрија Ѓорѓи Поповиќ се приклучиле на војската на Светото Римско Царство за време на нејзиниот продор на Балканот и притоа под своја команда уште претходно имале неколку стотици борци штом добиле капетански чинови. Патем да спомнеме дека Марко и Димитрија не биле единствените Македонци офицери во војската на Светото Римско Царство. Таков бил и извесен Јован Монастирлија (со семејно потекло во Битола), кој исто така дејствувал во XVII век и стигнал дури до чинот Генерал на австриската војска, а бил прогласен и за српски подвојвода. 2. Како офицери (капетани) во војската на Светото Римско Царство Марко Краида и Димитрија Ѓорѓи Поповиќ побарале прием кај царот Леополд Први, а причина за ваквиот нивни гест најверојатно бил Прогласот на царот од 6 април 1690 година што претходно го презентиравме. Сосема е можно дека кога помеѓу наброените земји и народи во Прогласот кои царот Леополд Први ги ставил под своја заштита, тие го прочитале и името на својата татковина Македонија, побарале прием кај Царот со цел да издејствуваат посебен Проглас кој ќе се однесува само на Македонија и на Македонците. 3. Со оригиналниот ракопис на текстот од Прогласот посветен на македонскиот народ се разрешува и една важна дилема, која ја спомнавме во воведниот дел. Еве за што станува збор. Текстот од овој Проглас за прв пат во Македонија беше објавен во книгата „Одбрани четива за историјата на македонскиот народ“ (составена од Љубен Лапе и објавена во Скопје во 1951 година на стр. 192 и 193). Како извор од кој е преземен овој Проглас Љубен Лапе ја наведува книгата од Јован Радониќ (доктор по историски науки, а подоцна и српски академик) под наслов „Прилози за историју Срба у Угарској“ (Нови Сад, 1909 година, стр. 52 и 53). Подоцна овој Проглас како таков го преобјавија и други наши бројни автори, па дури се објави и печатена форма на неговиот текст на латински јазик. Но, НИКАДЕ во овие бројни (пре)објавени текстови од овој Проглас не беше спомнато дека Марко Краида и Димитрија Ѓорѓи Поповиќ всушност биле офицери (капетани) во војската на Светото Римско Царство, поради што тие биле примени лично од страна на царот Леополд Први. Зборовите во кои самиот цар прво го опишува Марко Краида као „наш капетан“, а во продолжение на Прогласот двајцата ги опишува како „наши капетани“, т.е. офицери во неговата војска, во сите досега објавени преписи на овој Проглас на македонски јазик беа изоставени или нејасно предадени. Ваквото изоставување на вистината за нивната воена служба во австриската војска кај нашите историчари отвори дилема како можеле овие двајца Македонци да стигнат до Царот кој во тоа време бил еден од најмоќните
RkJQdWJsaXNoZXIy MTA2ODIxMw==